СДСМ на конгрес ќе ја потврди претседателската кандидатура на Пендаровски

Од:

СДСМ денеска ќе одржи Конгрес на кој треба да биде официјализирана кандидатурата за втор мандат за шеф на државата на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Како што најавија од партијата, Конгресот ќе има отворен и работен дел.

По завршување на работниот, затворен дел, Конгресот ќе биде отворен за јавноста, а медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на кандидатот за претседател на државата.

Пендаровски на прес-конференција завчера ја објави кандидатурата за претседател нагласувајќи дека станува збор за граѓанска кандидатура и ги повика граѓаните од денеска да дадат потпис за него во подрачните единици на Државната изборна комисија.

– Во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори.

Зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка.

Без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели, или најблиските соработници, истакна Пендаровски на прес – конференцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага