Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека поставил рок до почетокот на јули за Европската Унија да ги исполни своите обврски според трговскиот договор со Соединетите Американски Држави, во спротивно, САД ќе ги зголемат царините кон ЕУ.

– Трпеливо чекав ЕУ да ги исполни своите обврски според историскиот трговски договор што го потпишавме во Шкотска, најголемиот трговски договор досега. Ми беше ветено дека ЕУ, според договорот, ќе ги елиминира сите царини кон САД. Се согласив да ѝ дадам (на Фон дер Лајен) рок до 250-годишнината од основањето на нашата земја да ги исполни своите обврски, во спротивно, за жал, царините ќе бидат зголемени многукратно, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој додаде дека тој и Фон дер Лајен се согласиле дека Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје.

„Се согласивме дека режим што го убива сопствениот народ не смее да контролира бомба што убива милиони“, рече американскиот претседател. Фон дер Лајен во среда ги отфрли заканите на Трамп за зголемување на царините за европските автомобили, предупредувајќи го Вашингтон да се држи до трговскиот договор што го постигна со Брисел. САД ќе ја прослават 250-годишнината од основањето на земјата на 4 јули.

Европската унија продолжува со намалување на царините за САД до почетокот на јули во рамките на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, изјави денес потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. По разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, таа рече дека двете страни се посветени на спроведување на договорот, според соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија.

Фон дер Лајен нагласи дека со Трамп разговарала за ситуацијата на Блискиот Исток и дека таа и американскиот претседател се согласиле дека Иран никогаш не треба да поседува нуклеарно оружје, бидејќи, според неа, тоа би претставувало закана за регионалната стабилност и глобалната безбедност.

Би можело да ве интересира

Азизи: Иран нема да се откаже од своите црвени линии

Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Горан Наумовски

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски

Аксиос: Трамп ја назначи Пам Бонди во советодавниот одбор за вештачка интелигенција

Трамп: Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух

Трамп: Дури и ако Иран се предаде, медиумите ќе пишуваат дека САД претрпеле пораз