Трамп: Донесов одлука во врска со иранскиот нуклеарен договор

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека „донел одлука“ во врска со Договорот за иранската нуклеарна програма, склучен во 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили, но не соопшти детали околу неговото решение.

– Донесов одлука, одговори кусо Трамп на новинарско прашање во врска со ставот на САД кон иранскиот нуклеарен договор.

Трамп вчера во обраќањето пред Генералното собрание на ОН, нуклеарниот договор со Иран го нарече „срамен“ и порача дека светските лидери не можат да се држат до документот, ако тој овозможува продолжување на иранската нуклеарна програма.

Американскиот постојан претставник во ОН, Ники Хејли денеска изјави Трамп во вчерашното обраќање порачал дека не е задоволен од нуклеарниот договор со Иран, но не и дека Вашингтон ќе се повлече од него.

– Тоа не е сигнал дека претседатлот планира повлекување од договорот. Тоа е само јасен сигнал, дека тој не е задоволен од него, нагласи Хејли.

Во текот на октомври Трамп треба до Конгресот на САД да достави оценка дали Иран го почитува договорот, по што ова законодавно тело ќе има рок од 60 дена да реши дали ќе ги возобнови санкциите кон Техеран, кои беа укинати по склучувањето на нуклеарната спогодба.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти