Тони Блер предупреди за нова „Студена војна“ во светот

Од:

Поранешниот британски премиер, Тони Блер предупреди за појава на нова „Студена војна“ со Кина.

Според најновата анкета околу 60 отсто од Британците го обвинуваат Пекинг повеќе од актуелниот британски премиер, Борис Џонсон за настанатиот хаос со коронавирусот.

Истражувањето спроведено од тинк тенк организацијата на поранешниот британските премиер покажува дека британските граѓани имаат се поголема одбивност кон азијатската сила од кога пандемијата зема поголем замав, затоа околу 60 отсто од Британците ја гледаат Кина како „лоша сила“ во светот.

Тони Блер изјави дека Кина има сериозни прашања на кои треба да одговори поврзани со хаосот настанат поради смртоносниот вирус и дека останатиот свет тоа го очекува од нив.

Тој, исто така апелираше дека западните земји треба да изградат стратегија во поглед на односите со Пекинг и да соработуваат онаму каде тоа е можно.

Анкетата која беше спроведена во Велика Британија, САД, Германија и Франција укажува дека ставовите на граѓаните кон Пекинг се влошиле за време на пандемијата.

Минимален процент на граѓани ја поддржуваат Кина и не ја сметаат за лоша сила, според анкетата околу 3 отсто Британци имаат позитивно мислење кон Кина, додека во Германија и Франција позитивното мислење е за 1, односно за 2 отсто повисоко.

Зачудувачки е фактот што околу 49 отсто од Британците ја обвинуваат Кина дека е виновна за пандемијата која настана во светот.

Анализата од страна на институтот Блер покажува дека во светот, „Студена војна“ или „Ривалитет на големите сили“, се двете најверојатни сценарија што ќе се случат наскоро.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници