Тинејџерката-нобеловка Малала сака да стане пакистански премиер

Од:

Пакистанската тинејџерка Малала Јусафзаи, која заедно со Индиецот Каилаш Сатиарти е годинешна добитничка на Нобеловата награда за мир, изјави дека би сакала својата кариера да ја продолжи во политиката.

Во интервју за Би-Би-Си, пред врачувањњето на наградата, таа рече дека има намера да се вклучи во домашната политика, кога целосно ќе го заврши школувањето во Велика Британија, како и дека има аспирации да биде и премиер на Пакистан.

– Сакам да работам за да и помогнам на мојата земја, за која сонувам еден ден да стане развиена држава во која секое дете ќе може да се образува, вели Малала.

Младата нобеловка признава дека е инспирирана од пакистанската политичарка Бенизар Буто, која на два пати беше премиер на својата земја, но беше убиена во 2007 година во текот на предизборната кампања по која се надеваше дека и трет пат ќе ја предводи владата на Пакистан.

Малала е 16 жена која ја добила Нобеловата награда за мир, но Пакистанката е досега најмладиот добитник откако од 1901 година се доделува оваа награда.

Во 2011 година таа беше тешко ранета во главата, откако двајца пакистански талибанци се обидоа да ја убијат, додека со други нејзини врсници патуваше со автобус на училиште. Талибанците ја осудија на смрт затоа што водеше кампања за правото на образование за сите девојчиња во Пакистан.

Нејзиниот татко смета дека доделувањето на Нобеловата награда може да биде пресвртен момент во историјата на неговата земја.

Нобеловиот комитет во Осло претходно соопшти дека е многу важно што годинешниве лауреати, една муслиманка од Пакистан и припадник на заедницата Хинду од Индија, заеднички ја добија наградата за нивната заедничка борба за образованието и против екстремизмот.

Индиецот Каилаш Сатиарти е награден за својата долгогодишна кампања за правата на децата во Индија.

Наградата изнесува 1,4 милиони долари, а таа годинава ќе биде поделена на два еднакви дела од по 860 илјади долари.

На врачувањето на наградите нема да присуствиваат премиерите на Пакистан и на Индија. Малала за Би-Би-Си изјави дека жали поради таквата одлука на пакистанскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран