Тереза Меј го потпиша писмото до ЕУ со формалното известување за Брегзит

Од:

Британскиот премиер Тереза Меј синоќа го потпиша писмото со кое Велика Британија формално ја известува ЕУ за своето повлекување од Унијата.

Писмото, направено и потпишано, според одредбите на членот 50 од Лисабонската спогодба, денеска на пладне ќе му биде предадено на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со што практично ќе започне постапката за раздружување на Британија и Европската Унија.

Во Лондон е соопштено дека премиерот Меј, претпладне ќе одржи специјална седница на британската влада, а потоа ќе им се обрати на пратениците во Долниот дом на Парламентот.

Во специјалната изјава по повод покренувањето на постапката за Брегзит, навестено е дека Меј ќе повика на потребата од целосно единство во земјата, како и дека во текот преговорите со Брисел, ќе ги застапува интересите на сите жители на Обединетото кралство, вклучувајќи ги и државјаните на ЕУ кои сега живеат во Британија, а чиј статус треба да биде определен во текот на преговарањето.

Се очекува процесот на преговарање да започне во текот на мај, или најдоцна до средината на јуни,

Претходно, на 29 април, ќе биде организиран Самит на земјите членки на ЕУ, без учество на Британија, на кој ќе биде определен мандатот на Европската комисија за преговорите со Лондон. Во текот на мај, врз основа на мандатот добиен од 27- те членки, Европската комисија ќе ги одреди основите за кои ќе се водат преговорите со Британците.

Претходно беше најавено дека Брисел сака преговорите за Брегзит да завршат до октомври 2018 година, за во следните шест месеци, до март 2019 година, сите членки на ЕУ да го ратификуваат постигнатиот договор, но доколку двете страни се согласат, преговорите може да продолжат.

Британската влада сака преговорите одеднаш да се водат на два колосека- за сепарацијата на Лондон и Брисел, како и за постигнување договор за слободна трговија меѓу Британија и ЕУ.

Лидерите на Унијата, меѓутоа, од порано навестија дека тоа се две различни работи за кои мора да се разговара одвоено, па за трговијата би станало збор откако целосно ќе се договори раздружувањето.

Даунинг стрит 10 соопшти дека синоќа, премиерот Тереза Меј имала телефонски разговори со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно