Тереза Меј: Европејците ќе може да останат во Британија и по Брегзит

Од:

Британскиот премиер Тереза Меј изјави денеска дека државјаните од земјите на ЕУ кои сега работат и живеат во Британија, ќе може да останат со истите права што и сега ги имаат и по Брегзит.

На специјална седница во Долниот дом на британскиот Парламент, Меј рече дека ваквите права ќе може да ги користат оние кои престојуваат најмалку пет години во Британија и кои имаат легален статус. Таквото право ќе може да го користат и нивните сопруги и партнери и децата од нивните врски.

Оние кои ќе дојдат подоцна од терминот што ќе биде дополнително определен во преговорите меѓу Лондон и Брисел, ќе имаат период од две години за да го регулираат својот статус.

Во обраќањето пред пратениците, Меј истакна дека со ваквиот план на Владата се настојува да им се овозможи на 3,2 милиони Европејци да може да се ослободат од стравувањето за својот статус по Брегзит.

Освен за државјаните од ЕУ, правото за останување во Британија ќе го користат и државјаните од трите земји од Европската економска област (ЕЕА) и на Швајцарија.

– Сакам да ги уверам луѓето дека на нив гледаме како дел од британскиот економски и културен простор, рече Меј.

Британскиот премиер повторно предупреди дека ваквиот британски план ќе се реализира ако ЕУ од своја страна им ги обезбеди истите права и на Британците, околу 1,5 милион, кои сега живеат и работат во земјите чланки на Унијата.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС