Тепачка во јужноафриканскиот Парламент за време на излагањето на претседателот Зума

Од:

Во Парламентот на Јужна Африка избувна тепачка меѓу пратеници на опозициската Партија на борците за економска слобода (ЕФЕ) и припадниците на безбедносната служба, во моментот додека траеше излагањето на претседателот Џејкоб Зума, за состојбите во државата.

Инцидентите започнаа веднаш штом Зума почна да зборува, откако пратениците од ЕФЕ, предводени од својот лидер Џулиус Малема, почнаа да дофрлуваат од пратеничките седишта, барајќи од претседателот да одговори за „скандалот со државните пари“.

Спикерот на Парламентот повеќепати побара да престанат уфрлувањата во излагањето на претседателот, а кога не успеа да воспостави ред, ги повика припадниците на безбедносната служба да ги изнесат од салата највоинствените пратеници.

Членовите од пратеничката група на ЕФЕ се спротивставија на интервенцијата на редарите, па настана тепачка во која беа разменети тупаници.

Редот беше воспоставен и специјалната седница продолжи со излагањето на Зума, кога сите пратеници од оваа левичарска партија, заедно со нивниот лидер Малема беа изведени од салата.

Ваквото решение беше поздравено од пратениците на владејачккиот Африкански национален конгрес, но сите партии од опозицијата во знак на протест ја напуштија седницата.

Лидерот на главната опозициска партија Муси Меимане изјави дека „не може во Парламентот да се повика полиција за да се воспотави ред“.

Опозицијата не е задоволна од работата на Џејкоб Зума, а пратниците на ЕФЕ бараат од претседателот да го објасни трошењето на државни средства за доуредување на неговата приватна резиденација, изградена на имот во местото од каде потекнува.

Спикерот на Парламентот ја прекина седницата и побара интервенција на редарите кога лидерот на ЕФЕ му дофрли на Зума: „Врати ги парите“.

Јужноафриканскиот претседател и Малема некогаш беа партиски истомисленици и политички сојузници, но сега се остри противници.

Според медимите во Јоханесбург, засега не е утврдено дали во парламентарната сала интервенираа редари или јужноафриканската полиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија