Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Од:

Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде кремирано.

Неговата пепел ќе биде сместена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до семејството.

По државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони ќе биде вратен во вилата Сан Мартино, во близина на Милано, а телото ќе биде кремирано во крематориумот „Валенсијано Панта Реј“, наведува агенцијата.

Берлускони првично го изградил мавзолејот за себе, за членовите на неговото семејство и пријателите, но дури подоцна дознал дека законот дозволува телата да се погребуваат само на јавни гробишта. Сепак, пепелта може да се стави во мавзолеј. Берлускони почина на 12 јуни во 9.30 часот во болница во Милано на 87-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две

ЕК: Вотката од Путин за Берлускони ги прекршува европските санкции

А1он