Телефонски разговор меѓу Меркел и Путин

Од:

Германскиот канцелар, Ангела Меркел и рускиот претседател, Владимир Путин синоќа имаа телефонски разговор, при што акцент беше ставен на посетата на шефот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Дидие Буркхалтер на Москва, планирана за в среда.

Меркел, како што изјави портпаролката на Владата во Берлин, изразила задоволство поради ослободувањето на членовите на мисијата на ОБСЕ.

Двајцата лидери разговарале и за организирањето на тркалезна маса, под покровителство на ОБСЕ, со цел пред претседателските избори во Украина да се отвори патот за националниот дијалог.

Меркел и Путин во текот на украинската криза повеќе пати телфонски разговараа.

Меркел во текот на штотуку завршената посета на САД, заедно со американскиот претседател Барак Обама најави нови санкции против Русија, „доколку Москва итно не го промени своето деструктивно однесување“.

Меркел и Обама потенцираа дека повеќе би сакале ситуацијата во Украина да се реши по дипломатски пат.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани