Тела на шест илегални имигранти пронајдени на сицилијанскиот брег

Од:

Италијанската полиција и крајбрежната стража открија денеска тела на шест илегални имигранти на плажа близу Катанија. Продолжува акцијата за спасување на 50-на други имигранти кои пристигнале најверојатно од Сирија, јавуваат локални медиуми.

Не се знае од кое пристаниште тргнале имигрантите, но според локален претставник најверојатно сите се Сиријци.

Италијански медиуми известуваат дека шесте жртви се луѓе кои не знаеле да пливаат и се удавиле, обидувајќи се да стигнат до копно откако чамецот со кој пловеле заринкал во песок на околу 20 метри од брегот. Властите ги префрлаат на копно останатите од рибарскиот чамец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ