Во ноќен клуб во пристаништето во источен Лондон во Јужна Африка се откриени тела на најмалку 20 млади луѓе, соопшти денеска локалната полиција.
Жртвите се на возраст меѓу 18 и 20 години, изјави полицискиот претставник Тембинкоси Кинана, додавајќи дека во тек е истрага за околностите во кои тие настрадале.
Телата се пронајдени во клуб во населбата Синери Парк.
На социјалните мрежи кружат фотографии од клубот на кои се гледаат телата на жртвите без видливи повреди. Според првичнитеи нформации, во клубот имало роденденска прослава и се претпоставува дека се работи за труење.