Тедрос: Развојот на вакцините е добра вест, но пандемијата не е помината

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека последниот напредок во развојот на вакцините против Ковид 19 е позитивен чекор, но и дека СЗО е загрижена поради се посилното верување дека пандемијата е завршена.

– Напредокот на вакцините ни дава поттик на сите и сега можеме да почнеме да гледаме светло на крајот од тунелот. Сепак, СЗО е загрижена поради растечката перцепција дека пандемијата на Ковид-19 помина, рече тој.

Тедрос додаде дека пандемијата ќе помине уште долг пат и оти одлуките на граѓаните и владите ќе одлучат кога таа ќе заврши.

– Знаеме дека беше тешка година и луѓето се уморни, но најтешко е во болниците кои се преполни и преоптоварени, рече тој.

Тедрос истакна дека на многу места се гледа голема трансмисија на вирусот поради што болниците, единиците за интензивна нега и здравствените работници се под огромен притисок.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски