Тедрос: Преку програмата Ковакс за една недела испорачани 20 милиони дози вакцини

Од:

Во првата недела од дистрибуцијата на вакцините против коронавирусот преку меѓународната програма Ковакс во 20 сиромашни земји низ светот се испорачани 20 милиони дози вакцини, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејесус.

-Ковакс испорача вкупно 20 милиони дози на вакцина во 20 земји, рече Тедрос на прес-конференција.

Следната недела, преку програмата ќе се испорачаат уште 14,4 милиони дози на вакцини во уште 31 земја, додаде директорот на СЗО, со што вкупниот број на земји во кои ќе се достават вакцини преку овој систем ќе се зголеми на 51, додаваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски