Талибанците ослободија над 200 затвореници од пакистански затвор

Од:

Пакистански талибанци синоќа нападнаа затвор во североисточниот град Дера Исмаил Хан, при што ослободија над 200 затвореници, меѓу кои и неколку десетици исламистички борци.

Градот се наоѓа до племенскиот регион Јужен Вазиристан, што важи за упориште на талибанците и групите поврзани со Ал Каеда.

– Вкупно побегнаа 243 затвореници. Шестмина од нив беа фатени набрзо по бегството од страна на полицијата, изјави висок пакистански претставник.

Тој додаде дека триесетмина од избеганите затвореници биле исламистички бунтовници.

Во Дера Исмаил Хан е воведен полициски час. Напаѓачите носеле униформи на локалната полиција. Тие затворот го нападнале со ракети, минофрлачи и автоматско оружје, потоа упаднале во него и од таму ослободиле стотици затворени исламисти.

– Прво уништија блиндирано возило на полицијата, паркирано пред главниот влез и убија двајца полицајци, изјави претставникот на пакистанските власти.

Портпарол на пакистанските талибанци соопшти дека одговорност за нападот врз затворот презема исламистичката група ТТП, која веќе шест години води борба против пакистанските власти.

– Около 150 талибанци, вклучувајќи и 60 бомбаши-самоубијци, го нападнаа централниот затвор и успеаја да ослободат 300 затвореници, изјави талибанскиот портпарол.

Талибанскиот напад се случи во очи денешните избори на нов претседател на Пакистан. Согласно пакистанското законодавство, шефот на државата го избран Колегиум, во кој се вклучени пратениците на двата дома на Парламентот – Националното собрание и Сенатот, како и членовите на собраниејата на четирите пакистански провинции.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран