Талибанците не се откажуваат: Малала и нејзиниот татко се нашата цел

Од:

Малала Јусафзаи ,  повредена лежи  во болница, но лекарите велат дека е во стабилна состојба. Во исто време, Талибанците продолжуваат  да се закануваат  дека ќе ја убијат.

Пакистанската полиција го објави апсењето на неколку лица, кои биле   поврзани  со нападот на 14-годишната Малала Јусафзаи, која  во моментов е  чувана со  високо ниво на безбедност во болницата во градот Равалпинди.

Талибанските команданти не се откажат и продолжуваат  да се закануваат дека ќе ги убијат Малала или татко и.

Девојчето и нејзиното семејство ги  посети премиерот Ашраф,  кој изјави  дека нападот  врз девојчето бил внимателно планиран.

„Таа е цел на напад на екстремисти. Таа е застрелана во главата додека се возела во школскиот автобус, бидејќи тие се плашеле од  моќта на нејзината визија”, вели Ашраф и додаде дека  Малала е вистинското лице на Пакистан.

За нападот на Малала реакции имаше  во целиот свет. Нападот го осудија  невладини организации, Обединетите нации, Амнести интернешнел, и целата  меѓународната заедница.

Портпаролот на Талибанците во долината  Swat, изјави  дека Малала стана мета на напади, бидејќи нејзиниот татко и ја наполнил главата  против Талибанците.

„Ние го предупредивме  неколку пати за да  види  што неговата ќерка говори  за нас, но тој не не послуша, па бевме принудени  на крајниот чекор”, рече  Ахмад, додавајќи дека  девојката и нејзиниот татко остануваат цели  на Талибанците .

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран