Талибанците му се закануваат со смрт на Мушараф

Од:

Пакистанските талибанци му се заканија со смрт на поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф, доколку посе четири години во егзил се врати утре во земјата.

„Муџахедините на исламот подготвија специјална бригада да го испрати Мушараф во пеколот. Имаме бомбаши – самоубијци, снајперисти, специјална ударна единица и во близина борбена бригада“, се наведува во видео-пораката од талибанците.

Мушараф е во судар со талибанците и другите исламистички групи, откога се приклучи на „американската војна против тероризмот“ после терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД и како командат на пакистанската војска покрена обемни воени операции против исламистите во Пакистан.

Поранешниот претседател и воен лидер на Пакистан Первез Мушараф в недела ќе се врати во Пакистан по пет години поминати во егзил.

Мушараф ја презеде власта со воен преврат во 1999 година, но се повлече во 2008 година. Неколку пати тој најавуваше дека ќе се врати во Пакистан, но потоа го одложуваше враќањето, бидејќи стравуваше дека ќе биде уапсен. Против него има издадено три потерници за апсење.

Пакистанското правосудство вчера попладне му даде гаранција дека доколку се врати тој ќе добие условна казна.

Мушарав, кој се наоѓа во Дубаи, планира да патува со авион до Карачи и истакна дека сигурно ќе се врати во земјата, дури и, како што рече, тоа да е ризично за неговиот живот.

Тој веќе најави дека сака да учествува на парламентарните избори на 11 мај.

Пакистанското правосудство во 2008 година го принуди да даде оставка и го обвини за три случаи – убиство на поранешниот премиер Беназир Буто во 2007 година, незаконско разрешување на судии во текот на истата година и убиство на лидерот на борците за независност на Белуџистан, Акбар Бугти во 2006 година.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран