СЗО: Здравствените системи во Европа и во САД се исцрпени поради Ковид-19

Од:

Здравствените системи во Европа и во САД се исцрпени поради ширењето на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Многу сме загрижени од зголемениот број на случаи заразени со коронавирус во различни држави, особено во Европа и во САД. Вработените во здравствениот систем доаѓаат до степен на колапс, предупреди Гебрејесус.

Тој ги поздрави „охрабрувачките“ вести за вакцините против Ковид-19, но сепак оцени дека „не е време за задоволство“.

– Тоа е опасен вирус, кој може да го нападне секој орган во телото. Земјите, кои му дозволуваат на вирусот да се шири неконтролирано, си играат со оган, нагласи генералниот директор на СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО