СЗО: Заразени пациенти од ебола купуваат крв од лица кои ја преживеале оваа болест

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пациенти кои се заразени од ебола купуваат на црниот пазар крв од лица кои ја преживеале таа болест.

Крвта на преживеаните, која се нарекува конвалесцентен серум, би требало да содржи антитела кои се борат против смртоносниот вирус. Иако се уште не е докажано, овој метод покажал некои ветувачки резултати.

– Истражувањата покажале дека со трансфузија на крвта од преживеаните може да се спречи или лекува еболата кај другите, но резултатите од овие студии се уште е тешко да се интерпретираат. Не се знае дали антителата од крвната плазма на преживеаните се доволни за лекување или спречување на болеста. Потребни се повеќе истражувања, соопшти СЗО.

Конвалесцентниот серум се користи за лекување на пациентите, меѓу кои и Американецот Рик Сакр, кој се наоѓа во болница во Небраска. Тој добил крв од својот сограѓанин Кент Брантли, кој ја преживеал еболата.

Нивната ситуација е поинаква од оние во Африка. Се стравува дека поради лошите услови би можело да дојде до ширење на други инфекции, како на пример ХИВ.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО