СЗО загрижена за индиректните ефекти на пандемијата врз здравствените системи

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена за индиректните ефекти од пандемијата на коронавирусот врз пренатрупаните здравствени системи во светот, изјави денес  генералниот директор на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејeсус.

Во време кога пандемијата се интензивира во земјите со ниски и средни приходи, СЗО со посебна грижа го следи нејзиното влијание врз луѓето кои се борат да пристапат до здравствени услуги. Честопати тоа се жени, деца и адолесценти, вели Гебрејeсус.

„Индиректните ефекти на Ковид-19 врз овие групи може да бидат посериозни од смртните случаи предизвикани од вирусот, затоа што на многу места пандемијата го преоптоварува системот на здравствена заштита“, рече Гебрејесус. Тој како пример го даде високиот ризик од смрт од компликации при раѓање.

Првиот човек на СЗО истакна дека жените со потврдена дијагноза на коронавирус не треба да се одвојуваат од своите деца по породувањето. Организацијата препорачува во вакви случаи бебето да не се дои затоа што тоа го надминува потенцијалните ризици.

СЗО, исто така, е загрижена за индиректното влијание на пандемијата врз здравјето на младите. Осврнувајќи се на медицинските податоци, Гебрејeсус го потенцира влијанието на „повисокиот ризик“ за време на пандемијата врз децата на училишна возраст заради тешкиот пристап до медицинските услуги. Станува збор за проблеми поврзани со депресијата, физичкото и сексуално злоставување и несаканата бременост.

Затворањето на училиштата и универзитетите има сериозно влијание врз пристапот на оваа категорија на луѓе до услугите за превенција, смета СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО