Советодавната комисија за безбедност на вакцините при Светската здравствена организација соопшти денеска дека причинската врска меѓу вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 и ретките случаи на згрутчување на крвта со ниско ниво на тромбоцити, „се смета за веројатна, но не е потврдена“.
Во изјавата издадена по прегледот на најновите глобални податоци, независни експерти велат дека се потребни посебни студии за целосно разбирање на потенцијалната врска меѓу вакцинацијата и можните фактори на ризик.
– Важно е да се напомене дека, иако загрижувачки, ваквите случаи се многу ретки, а мал број се пријавени меѓу речиси 200 милиони лица кои ја примиле вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 низ светот, соошти панелот.
Најавено е дека Комисијата ќе се состане повторно следната недела со цел да се разговара за дополнителни информации.