СЗО: Во Израел секој петти човек е веќе вакциниран, а Палестинците не добиле ниту една доза

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска изрази загриженост за нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцини за коронавирус во Израел, каде повеќе од 20 проценти од населението е вакцинирано, додека Палестинците се уште не примиле вакцини на окупираните територии.

– Имаме голем број грижи во врска со јавното здравје и еднаквост поради оваа нееднаква дистрибуција на вакцини или нееднаков пристап до вакцините, рече Гералд Рокеншауб, шеф на Канцеларијата на СЗО за палестинските територии.

Тој рече дека СЗО разговара со Израелците на повисоки нивоа и се обидува да истражи дали Израел би можел да размисли за давање вакцини на Палестинците, додавајќи дека здравствените работници ќе бидат во првите редови во тој случај.

Организациите за заштита на човековите права велат дека Израел, како окупаторска сила, е одговорен за обезбедување вакцини за Палестинците на Западниот брег и Газа.

Израел, сепак, тврди дека нема таква обврска и дека населението на земјата, вклучувајќи ги и арапските граѓани, е приоритет, „но дека во одреден момент би можел да размисли за споделување на своите залихи“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ