СЗО: Во борбите во Либија загинаа најмалку 47 луѓе

Од:

Болниците во Триполи пријавија дека во борбите за главниот град на Либија, загинале 47 луѓе, а 181 се повредени, соопшти Светска здравствена организација (СЗО).

Портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ изјави дека поголемиот број од жртвите се борци од двете страни, но помеѓу нив има и лекар и цивили.

СЗО предупредува дека новата ескалација на судирите во Либија би можело да доведе до недостиг на медицински залихи.

Во Либија од минатата недела обновени се судирите помеѓу Либиската национална армија (ЛНА) предводена од генерал Калифа Хафтар, кој од источниот дел тргна во освојување на западниот дел од земјата и на Триполи, што се под контрола на меѓународно признаената Влада, предводена од Фајез ел Сараџ.

По соборувањето на долгогодишниот лидер Муамер ел Гадафи во 2011 година Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.

Од летото 2014 година Либија е политички поделена на две влади – самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук што е под контрола на 75-годишниот Хафтар и меѓународно признаената Влада со седиште во Триполи со премиерот Сараџ.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО