СЗО: Во Африка можна катастрофа ако епидемиолошките мерки не ги дадат очекуваните резултати

Од:

Светската здравствена организација предупредува дека коронавирусот во Африка може да однесе до 200.000 животи доколку превентивните епидемиолошки мерки не ги дадат очекуваните резултати.

Преоптоварениот здравствен систем во африканските земји, мал број амбуланти за масовно тестирање и пренаселени градови – сето ова, според експертите, се предуслови за катастрофа што може да ја погоди Африка од февруари.

СЗО предупредува дека и покрај примената на превентивни, вонредни мерки, Ковид-19 може да однесе до 300.000 животи до крајот на 2021 година.

– Врз основа на сегашните показатели, не е извесно дека во Африка ќе имаме драматично зголемување на бројот на заразени или смртни случаи кај пациенти со Ковид, рече Рашида Феранд од Лондонското училиште за тропски болести, која работи и за клинички центар во главниот град на Зимбабве, Хараре.

Подоцнежното појавување на вирусот на африканскиот континент им даде можност на овие земји, со помош на меѓународните организации, навремено да се подготват за претстојните епидемиолошки предизвици, велат експертите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска