СЗО вети 330 милиони КОВАКС-вакцини за сиромашните земји, над 70 отсто ќе бидат индиска верзија на Астразенека

Од:

Светската програма за набавка на вакцини против коронавирусот КОВАКС ќе обезбеди 330 милиони дози вакцини за неразвиените и земјите во развој, соопшти денеска СЗО.

Предвидено е вакцините да бидат дистрибуирани до крајот на првата половина од годината.

Вакцините преку КОВАКС ќе бидат наменети за околу 3,3 отсто од населението во 145 земји кои се опфатени со Програмата.

Околу 240 милиони дози вакцини ќе бидат набавени од АстраЗенека, произведени по лиценца од страна на индискиот Институт за серум, 96 милиони дози ќе бидат произведени во погоните на АстраЗенека и 1,2 милиони дози од Фајзер.

Меѓу првите земји што ќе добијат вакцини преку програмата КОВАКС ќе бидат Јужна Африка, Зеленортските Острови и Руанда.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа