СЗО: Вчера регистрирани 150.000 нови случаи на Ковид-19, најмногу досега во еден ден

Од:

Глобалната пандемија на коронавирусот се разгорува, а во четврток се регистрирани 150.000 нови случаи – најмногу досега во еден ден, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Речиси половина од пријавените случаи се од американскиот континент,“ рече тој на виртуелен брифинг.

„Светот е во нова и опасна фаза… вирусот се уште се шири брзо, тој се уште е смртоносен и повеќето луѓе се уште се подложни на заразување, предупреди Гебрејесус.

Повеќе од 454.000 луѓе досега починаа од болеста Ковид-19, според податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс. Повеќе од четири милиони пациенти се излекувани,  а вкупно најмалку 8.5 милиони луѓе се потврдено заразени со кокронавирусот.

 

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО