СЗО: Стапката на ширење на Ковид-19 се намалува

Од:

Ширењето на коронавирусот во светот опаѓа, изјави Марија ван Керховен, експерт во Светската здравствена организација (СЗО).

– Ова беше овозможено пред сè со мерките за прекинување на синџирот на пренесување на вирусот, меѓу кои клучна улога игра вакцинацијата, рече таа.

Керховен ги повика земјите каде што новите случаи на Ковид-19 се намалуваат, да продолжат да ги почитуваат санитарните мерки.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус, претходно изјави дека бројот на вакцинираните против Ковид-19 е поголем од бројот на заболените.

– Од една страна, ова е добра вест и извонредно достигнување за толку кратко време, но повеќе од три четвртини од овие вакцинации се направени во само 10 земји, каде се акумулирани 60 отсто од глобалниот БДП, рече тој.

Тедрос ги повика земјите кои веќе ги вакцинираа најранливите групи и здравствените работници да ги споделат вишокот вакцини со други земји пред да продолжат со масовна вакцинација.

Според Блумберг, за да се смири пандемијата на коронавирусот, мора да се вакцинираат 75 отсто од светската популација, што, според сегашното темпо би траело околу седум години.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО