СЗО: Слободно циркулирање на Ковид-19 „не е опција“

Од:

Светската здравствена организација смета дека е незамисливо да се дозволи слободно циркулирање на Ковид-19 за да се постигне колективен имунитет.

– Никогаш во историјата на јавното здравство не бил користен имунитет на стадо како стратегија за одговор на епидемија, а уште помалку пандемија. Тоа е научно и етички проблематично, нагласи на прес-конференција генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Слободно ослободен опасен вирус, што не го разбираме целосно, е во спротивност со етиката. Тоа не е опција, додаде тој.

– Огромно мнозинство луѓе во повеќето земји се подложни на инфекција со тој вирус. Серолошките истражувања сугерираат дека помалку од 10 проценти од популацијата е заразена во повеќето земји, објасни Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој исто така вели дека не се знае доволно за имунитетот на заразените со Ковид-19 и нагласи дека некои повторно се заразиле.

– Повеќето луѓе заразени со вирус развиваат имунитет во текот на првите недели, но не знаеме дали станува збор за постојан и силен имунитет или е различен од човек до човек, додаде тој.

Тој нагласи дека концептот за имунитет на стадо се користел во кампањите за вакцинација и потсети дека за сипаници треба да бидат вакцинирани од 95 проценти од населението, со цел останатите пет проценти да бидат заштитени, додека за детска парализа е 80 проценти.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО