СЗО: Сиромашните земји сè потешко стигнуваат до вакцини, богатите сè полесно

Од:

Нееднаквоста во пристапот до вакцини против коронавирусот меѓу богатите и сиромашните земји „се зголемува“ и станува „гротескна“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Во јануари изјавив дека светот е на работ на катастрофален морален неуспех ако не се преземат итни мерки за да се обезбеди правична распределба на вакцините против коронавирусот. Имаме средства да го избегнеме тој неуспех, но шокантно е колку малку е направено за да се спречи тоа, нагласи Гебрејесус на прес-конференција.

Според него, јазот помеѓу бројот на вакцини испратени во богатите земји и бројот на вакцини преку механизмот Ковакс се зголемува и секој ден станува се повеќе „гротескно“.

Меѓународниот механизам Ковакс, основан од СЗО, има за цел оваа години да обезбеди дози за 20 проценти од населението во речиси 200 земји и територии низ светот, а вклучува механизам за финансирање на 92 загрозени земји.

– Земјите кои моментно вакцинираат помлади, здрави, ниско ризични луѓе против Ковид-19, го прават тоа на штета на животот на здравствените работници, возрасните лица и другите ризични групи во останатите земји. Сиромашните земји се прашуваат дали богатите земји навистина го мислат она што го зборуваат кога се однесува за солидарност. Неправедната дистрибуцијата на вакцините не е само морален гнев, туку е и економски и епидемиолошки самоуништувачка, истакна шефот на СЗО.

Според него, некои земји се натпреваруваат да го вакцинираат целото свое население, додека други држави немаат ништо.

– Тоа може да овозможи краткорочна безбедност, но тоа е лажно чувство на безбедност, додаде Гебрејесус.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски