СЗО: Секој десетти пациент има симптоми на коронавирус и по три месеци

Од:

Светската здравствена организација за Европа денеска соопшти дека секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата.

Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека т.н. „продолжен ковид“ останува непознат, но дека проблемот е реален и значаен.

СЗО апелира политичките актери да направат повеќе за да се посвети внимание и да се третира долготрајниот Ковид, кој, меѓу другото, се манифестира со силен замор, болка во градите, срцеви проблеми, главоболки, заборавеност, депресија, губење на чувство за мирис, дијареја и кивање.

Клуге рече дека достапните податоци покажуваат дека секое четврто лице заразено со Ковид има симптоми и еден месец по добивањето позитивен тест, додека секој десетти има симптоми дури и по 12 недели.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО