СЗО се уште нема добиено докази од САД за потеклото на Ковид-19

Од:

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајкл Рајан изјави дека организацијата не добила никакви докази или информации со кои би се поткрепиле тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп и на американскиот државен секретар, Мајк Помпео дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија.

– Од наша перспектива, ова и понатаму е шпекулација, посочи Рајан.

Тој повтори дека доказите кои ги има СЗО укажуваат на природно потекло на Ковид-19.

Трамп и Помпео тврдеа дека виделе докази што сугерираат дека новиот коронавирус потекнува од лабораториите на Институтот за вирусологија во Вухан.

– Ако таквите податоци и докази се достапни, тогаш Владата на САД треба да одлучи дали и кога ќе ги сподели, но за СЗО е тешко да дејствува во информативниот вакуум за конкретното прашање, истакна Рајан.

Тој додаде дека СЗО сака да добие какви било информации кои укажуваат на потеклото на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО