СЗО: САД и Кина да се обединат во борбата против Ковид-19

Од:

Светската здравствена организација ги повика САД и Кина да ги обединат своите сили во борбата со пандемијата од коронавирусот, соопштувајќи дека ќе има „многу повеќе жртви без меѓународното единство“.

-САД и Кина треба да се обединат и заедно да се борат со овој опасен непријател, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на видео брифинг во Женева.

Коментарот на Тедрос доаѓа по критиката на американскиот претседател, Доналд Трамп дека ова највисоко здравствено тело на ОН „ја утнало работата“ и е „многу прокинески ориентирано”.

-Ве молам не го политизирајте овој вирус, изјави директорот на СЗО.

„Карантинот, политизирањето на Ковид-19 … не треба да губиме време во покажување со прст, изјави тој и додаде дека тоа е како да си играш со оган … Треба да се воздржиме“, рече Тедрос.

Првиот човек на Светската здравствена организација им се заблагодари на САД за нивната „ дарежливост“ во финансирањето на глобалните здравствени иницијативи, како што е борбата против пандемијата од Ковид-19.

-Би сакал да ја искористам можноста и да им се заблагодарам на САД за дарежливата поддршка досега, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус пред новинарите, додавајќи дека верува дека САД „ќе продолжат да го даваат својот дел”, и покрај заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го запре финансирањето на организацијата.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО