Светската здравствена организација (СЗО) денеска прогласи крај на епидемијата на ебола во Демократската република Конго, бидејќи повеќе нема лица со симптоми на болеста.
Епидемијата на ебола во Конго не е поврзана со појавата на болеста во Западна Африка.
Во Конго се регистрирани 49 смртни случаи од ебола од вкупно 66 заразени лица.
Сите случаи се регистрирани во северозападната провинција Екватер, соопштија високи претставници во Конго минатата недела.