СЗО предупредува: Укинувањето на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата

Од:

Предвременото укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, може да предизвика „фатално враќање “ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус.

-Знам дека некои земји веќе се подготвуваат за излегување од изолацијата. СЗО, како и сите, сакате да се укинат ограничувањата. Но, предвременото укинување на ограничувањата може да предизвикаат фатално враќање на пандемијата, рече тој.

„Враќањето на пандемијата може да биде, исто така, смртоносно колку и неговото ширење, доколку недостасуваат потребните мерки“, додаде тој.

СЗО разговара со заинтересираните земји за подготовка на стратегија за постепено и безбедно излегување од изолацијата и смета дека треба да бидат исполнети шест барања, пренесе Индекс.

Потребно е да се контролира пренесувањето на вирусот, да се обезбеди јавно здравствена и медицинска поддршка, како и да се минимизира ризикот во изложената средина, како што се здравствените установи за долготрајно лекување.

Исто така, треба да се воведат и превентивни мерки за работното место, во училиштата и на другите посетени други места, да се контролира ризикот од внесување на вирусот од странство и конечно на населението да му се довери одговорноста.

-Секој поединец носи дел од својата одговорност во борбата против епидемијата, истакна Тедрос.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО