СЗО предупредува на ризикот по здравствениот персонал кој им помага на заболените од ебола

Од:

Висок функционер на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека здравствениот персонал во болниците каде се лекуваат заразените и заболените од смртоносниот вирус на еболате, е изложен на голем ризик.

Според професорот Питер Пиот, кој важи за експерт за оваа заразна болест, можни се многу повеќе случаи на заболени од ебола, меѓу медицинските сестри и другиот персонал, дури и во најразвиените земји од Европа и светот кои имаат најсовремена здравствена заштита.

Во изјава за Би-Би-Си, Пиот вели дека не е изненаден од случајот на шпанската медицинска сестра Тереза Ромеро, која е првиот случај на заболен од ебола во Европа.

Ромеро беше дел од екипата од 30 луѓе, медицински персонал од болницата „Карлос Трети“ во Мадрид, која беше вклучена во лекувањето и негувањето на двајцата шпански мисионери, заболени од ебола во Либерија и Сиера Леоне, кои во меѓувреме починаа.

Во изјава за мадридскиот весник „Ел Мундо“ сестрата Ромеро тврди дека ги почитувала сите здравствени стандарди предвидени за вакви ситуации и дека не знае како се заразила.

Таа сега е ставена во карантин, заедно со нејзниот сопруг и со домашното куче, за кое има судска одлука да биде убиено, затоа што се стравува дека би можело да биде пренесувач на вирусот. Покрај Ромеро, во карантин се ставени уште три други лица.

Една медицинска сестра, која, била пријателка со Ромеро,како и уште други 50 лица, се под специјален надзор, стравувајќи дека би можеле да бидат заразаени од еболата.

Во болницата „Карлос Трети“ вчера имало инцидент, кога настанала паника меѓу вработените. Дел од нив добиле напад на хистерично плачење, а дел од нив избегале од работа.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој се обидува да ја смири домашната јавност,нагласувајќи дека треба да се остават професионалците да ја вршат својата работа и уверувајќи дека шпанскиот здравствен систем е еден од најдобрите во светот.

Професорот Питер Пиот, сепак, предупредува дека никој не може да биде сигурен, особено што станува збор за ретка заразна болест за која лековите и целата постапка на лекување е се уште експериментална.

– Дури и најситната грешка (кај медицинскиот персонал) може да биде фатална, рече за Би-Би-Си, Питер Пиот, специјален советник на СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО