СЗО повикува за подобра заштита на здравствените работници во време на падемијата

Од:

Здравствените работници, кои се во првите редови во борбата против пандемијата Ковид-19, плаќаат висока цена за своето здравје, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) денеска, презентирајќи план што треба да помогне во нивна подобра заштита.

„Ковид-19 ги ​​стави здравствените работници и нивните семејства во невиден ризик“, нагласуваат од СЗО, истакнувајќи дека статистичките податоци, дури и да се нецелосни, јасно покажуваат дека „стапките на инфекции кај здравствените работници се далеку повисоки отколку кај останатото население“.

Здравствените работници сочинуваат околу три проценти од населението во огромното мнозинство на земји и помалку од два проценти во најсиромашните. Податоците на СЗО покажуваат дека 14 проценти од случаите со Ковид-19 се поврзани со нив.

„Во некои земји, тој удел достигнува 35 проценти“, се вели во соопштението.

Меѓународниот совет на медицински сестри процени на неколку илјади бројот на починати медицински сестри од вкупно 20 милиони, дури и ако официјалната бројка за 44 земји е 1.097 до средината на август.

Ризиците не се само физички, без разлика дали станува збор за коронавирус или насилство на кое се изложени.

Стресот од постојан страв од заболување, долгото работно време, разделбата со најблиските за да се заштитат од инфекција, а понекогаш и отфрлањето и непријателството од општеството оставаат сериозни последици по нивното здравје.

Според неодамнешното истражување цитирано од СЗО, една четвртина од анкетираните здравствени работници изјавиле дека страдаат од напади на депресија и анксиозност, а третина од несоница.

Планот на СЗО со пет точки, презентиран денеска, советува воспоставување синергија помеѓу безбедноста на пациентите и стратегиите за здравствена заштита и развој на национални програми за подобра заштита на здравствените работници.

СЗО исто така инсистира на заштита на здравствените работници од насилство на работното место и подобрување на нивното психолошко здравје.

Планот ја нагласува потребата да се заштитат здравствените работници од физички и биолошки опасности, со обезбедување на доволно заштитна опрема и обука.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО