СЗО: Поопасен од пандемијата е недостигот на единство околу борбата со вирусот

Од:

Недостатокот на глобално лидерство и единство во борбата против коронавирусот претставува поголема закана од самата пандемија, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејсус.

„На светот очајно му треба национално единство и глобална солидарност. Политизацијата на пандемијата ја влоши ситуацијата,“ изјави  директорот на СЗО на виртуелниот здравствен форум организиран од Самитот на светските влади.

Тедрос истакна дека најголемата закана со која се соочуваме сега не е самиот коронавирус, туку недостатокот на глобална солидарност и глобално лидерство.

Според него, некои делови од меѓународните здравствени регулативи треба да се зајакнат за да бидат поприменливи. Тој не прецизираше кои се тие делови, но кажа дека треба да бидат координирани, предвидливи, транспарентни, широко распространети и флексибилно финансирани за да бидат во целост спроведливи.

Директорот на СЗО, исто така, кажа дека сите земји универзалната здравствена заштита мора да ја направат свој приоритет.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО