СЗО: Омикрон и Делта создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени

Од:

Истовременото ширење на сојот Делта и на сојот Омикрон на коÑ �онавирусот создава „цунами од случаи“, нагласи на прес-конференција денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Многу сум загрижен што Омикрон, што лесно се пренесува и се шири во исто време со Делта, води до цунами од случаи, изјави тој, додавајќи дека тоа е двојна закана што доведе до нагло зголемување на хоспитализации и смртни случаи.

Тедрос го повтори својот повик до земјите да дистрибуираат дози на вакцини против коронавирусот поправедно и предупреди дека акцентот на засилувачките дози во побогатите земји може да доведе до недостиг на вакцини во посиромашните земји.

Тој рече дека СЗО е посветена да обезбеди секоја земја да достигне стапка на вакцинација од 70 проценти до средината на 2022 година, што ќе помогне да се стави крај на критичната фаза на пандемијата.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа