Бројот на заразени со вирусот на ебола во трите најтешко засегнати земји од епидемијата надмина 20. 000 лица, а досега се регистрирани и 7.842 смртни случаи, соопшти денеска Светската здравствена организација, цитирана од британските медиуми.
Според податоците на СЗО, бројот на заразени луѓе во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја достигнал 20. 081.
Повеќе од една третина од случаите, потврдени со лабораториски истражувања, се регистрирани во Сиера Леоне, што оваа земја ја прави најтешко погодена во оваа епидемија.