СЗО: Од ебола починаа 6.583 луѓе

Од:

Бројот на починати од вирусот на ебола се искачи на 6.583, а до 10-ти декември регистрирани се 18.188 пациенти во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Во Либерија има најголем број на заразени и смртни случаи, но епидемијата во земјата почна да успорува. Еболата најбрзо се шири во Сиера Леоне, каде има најголем број заразени – 8.069, додека починале 1.899 лица.

Според податоците на СЗО во Либерија се регистрирани 7.765 заболеми од ебола и 3.222 смртни случаи, додека во Гвинеја заразени се 2.354 луѓе, а починале 1.462.

Бројот на починати во другите земји и понатаму е ист – шест во Мали, еден во САД и осум во Нигерија. Во Шпанија и во Сенегал регистриран е по еден инфициран.

СЗО наведува дека од ебола досега заболеле 639 здравствени работници од кои 349 починале.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО