СЗО: Нема докази дека БЦГ-вакцината штити од новиот коронавирус

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БЦГ-вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот коронавирус.

СЗО наведе и дека во тек се две клинички испитувања за БЦГ-вакцината. Во недостиг на докази, СЗО не препорачува БЦГ-вакцинација како превенција од Ковид-19.

Но, СЗО и понатаму препорачува неонатална БЦГ-вакцинација во земјите или опкружувањата со голема инциденција на туберколоза.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО