СЗО не брза со извештајот за потеклото на коронавирусот, кој го чека целиот свет

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека долгоочекуваниот извештај на нејзините експерти кои го истражуваа потеклото на коронавирусот во Кина сè уште не е готов и дека „веројатно“ ќе биде објавен следната недела.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, на прес-конференција во Женева, рече дека извештајот „едноставно не е подготвен“ и дека членовите на тимот кои работеле со кинески официјални лица на нацртот „сакаат да го направат тоа како што треба“.

Линдмаер рече дека очекува извештајот, според она што го слушнал од членовите на стручниот тим, најверојатно да биде објавен следната недела.

СЗО претходно планираше прво да објави резиме на извештајот, а подоцна и подолга, подетална верзија. Во меѓувреме, идејата беше напуштена и беше одлучено да се објави еден документ.

Питер Бен Ембарек, шеф на истражувачката мисија на СЗО, на почетокот на овој месец најави дека извештајот ќе биде објавен на 15 март.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО