СЗО: Најрано за една година можеме да очекуваме вакцина против Ковид-19

Од:

Портпаролката на Светска здравствена организација, Маргарет Харис денеска изјави дека вакцина против Ковид-19 ќе биде произведена за околу 12 месеци.

– Ние оценуваме дека ќе биде произведена за најмалку 12 месеци. Навистина не можеме да очекуваме да добиеме вакцина пред 12 месеци или дури и подолго, потенцира Харис.

Таа додаде дека развивањето на вакцина бара „концептуален доказ“ за нејзината ефикасност, како и докази за безопасност на пациентите.

– Треба да бидеме сигурни дека вакцината нема негативни и несакани ефекти, туку и долгорочни ефекти. Покрај тоа во исто време треба да се испита и имуниот профил и да поминат неколку етапи за проучување на безопасноста на вакцината, потенцира Харис.

Таа истакна и дека во Италија и во Шпанија има „мало намалување“ на бројот на новозаразени, додека во Турција и во Велика Британија забележан е раст на заболените од новиот коронавирус.

– Се уште не сме го достигнале врвот на пандемијата, истакна портпаролката на СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО