СЗО: Коронавирусот предизвикува поголема смртност отколку сезонскиот грип

Од:

Околу 3,4 проценти од луѓето кај кои е потврден Ковид-19 починаа, што е далеку повеќе од стапката на смртност од сезонски грип, што е под еден процент, но ширењето на новиот коронавирус може да се запре, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Да сумираме, Ковид-19 се шири помалку ефикасно од грипот, не се пренесува од луѓе кои не се болни, предизвикува заболување потешко од грип и сè уште за него нема вакцини или лекови, но може да се запре неговото ширење, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на конференција во Женева.

По средбата со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, Гебрејесус рече дека е прерано за одлука за одложување на Летните олимписки игри, кои во јули треба да се одржат во Токио.

– Мислам дека сега е прерано да се носи одлука за тоа, треба да се следи ситуацијата, рече генералниот директор на СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО