СЗО: Коронавирусот нема да исчезне, ќе мораме да се штитиме

Од:

Луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило, оценува експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Дејвид Набаро.

Во разговор за Би-Би-Си тој кажа дека општествата мораат да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност“, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време.

-Овој вирус нема да си замине, не знаеме дали луѓето кои го имале ќе бидат имуни по него, и не знаеме кога ќе ја имаме вакцината, истакна доктор Набаро.

Тој наведе дека луѓето ќе мора да се штитат, да носат маски, да оддржуваат физичка дистанца и да ги штитат ранливите групи.

-Тоа мора да стане навика, тие симптоими, дури и да се благи, навистина мораме да ги сфатиме сериозно, истакна експертот на СЗО.

Доктор Набаро , исто така, предупреди на опасноста „на влажните пазари“, како и на убивањето и јадењето диви животни, отккао „влажните пазари“ повторно беа отворени во кинескиот град Вухан, од каде почна пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО