Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека во следните две недели ќе одобри итна употреба на вакцината на АстраЗенека против коронавирусот, изјави денеска главниот научник на оваа агенција на ОН, Сумија Сваминатан.
– Се надевам дека тоа ќе се случи во следните две недели, доколку се одвива се според планот, истакна Сваминатан.
Таа додаде дека откако ќе бидат собрани сите податоци и ќе се издаде дозвола, дози ќе почнат да пристигнуваат и од производители од Индија и Јужна Кореја.
Заменик директорот на СЗО за лекови и медицинска опрема, Марианџела Симао изјави дека организацијата ќе испрати тим и во Кина, со цел да изврши контрола врз фабриките за производство на вакцини.