СЗО ја зголеми проценката за заканата од Ковид-19 на највисоко ниво: Подгответе се

Од:

Светската здравствена организација објави дека ризикот од ширењето на новиот коронавирус е „многу висок“, откако вирусот се прошири во најмалку 49 земји.

– Jа зголемивме нашата проценка за ризикот од ширењето и ризикот од изложеност на Ковид-19 на многу висок на глобално ниво, изјави директорот на СЗО Тедрос Гебрејесус.

– Се наоѓаме на највисоко ниво на предупредување или на највисоко ниво на проценка на ризикот во однос на ширењето и во однос на влијанието, изјави доктор р Мајк Рајан, извршен директор на програмата за вонредни здравствени состојби на СЗО.

Тој додаде дека зголемувањето на степенот на ризик не се обидува да ги алармира или да ги исплаши луѓето.

– Ова е проверка на реалноста за секоја влада на планетата: Разбудете се. Подгответе се. Овој вирус можеби е на пат и треба да бидете подготвени. Вие имате должност кон вашите граѓани, вие имате должност светот да биде подготвен, истакна Рајан.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО