СЗО: Има знаци на надеж во борбата против пандемијата

Од:

Светската здравствена организација денес оцени дека се појавуваат знаци на надеж во борбата против пандемијата на коронавирусот, но предупреди дека државите ќе мора да продолжат да работат на превентивните мерки со цел да се ограничи неговото ширење.

Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на онлајн брифинг рече дека постојат знаци на надеж, иако и понатаму се зголемува бројот на новозаболени во многу делови од светот.

Тој ја поздрави веста за првичните резултати од клиничките истражувања дека евтиниот и широко распространет лек дексаметазон може да помогне во лекувањето на пациентите.

Извршниот директор на СЗО за вонредни програми Мајк Рајан истакна дека е важно употребата на дексаметазонот да се резервира за лекување на случаите на коронавирус.

Во истражувањето на тимот научници од Оксфорд на околу 2.000 пациенти во болница им бил даден дексаметазон и нивните резултати биле споредени со околу 4.000 пациенти кои не го примале лекот. Пациентите на респиратори имале намален ризик од смрт од 40 на 28 проценти, додека пациентите на кислород имаат намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти.

Лекарите, исто така, ја истакнуваат и цената на лекот, бидејќи третманот за 10 дена чини само неколку долари по пациент, или 35 за да се спаси живот, а притоа дексаметазонот е достапен ширум светот.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО