СЗО го пролонгира процесот на евалуација на руската вакцина Спутник В

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека поради војната меѓу Русија и Украина, процесот на евалуација на руската вакцина против коронавирус Спутник В е пролонгиран.

Експертскиот советник Марианџела Симао изјави вчера пред новинарите во Женева дека експертскиот тим на СЗО требаше да отпатува во Русија на 7 март поради процесот на евалуација и донесување одлука за одобрување на употребата на Спутник В во итни случаи, но дека процесот е пролонгиран поради моменталната состојба во регионот.

– СЗО ќе одреди нов датум за посета на Русија колку е можно поскоро, истакна Симао.

На крајот на минатата година, СЗО објави дека сериозно ја разгледуваат идејата за издавање дозвола за употреба на руската вакцина Спутник В.

Со такво одобрение, вакцината ќе биде вклучена во програмата Ковакс што ја спроведуваат Обединетите нации за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во сиромашните и земјите во развој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа