СЗО го демантира Помпео: Директорот Тедрос не е поткупен од Кина

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги демантираше американските обвинувања дека нејзиниот извршен директор, Тедрос Адханом Гебреијсус, е „купен“ од кинеската Влада, јави ДПА.

Според извештаите на медиумите, американскиот државен секретар, Мајк Помпео, вчера го обвини првиот човек на СЗО, Етиопиецот Тедрос, на средба со британските парламентарци.

„СЗО не стравува од таквата изјава, но остро ги отфрламе сите напади и неосновани обвиненија“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.

„СЗО ги повикува државите да останат фокусирани на справувањето со пандемијата што предизвикува трагично губење на животите и страдања“, се додава од организацијата.

Помпео на затворениот состанок со поканети британски пратеници вчера изјави дека неговото тврдење се темели на „цврсти сознанија на разузнавањето“, но тој не даде детали, пренесоа „Тајмс“ и другите британски медиуми.

Би можело да ве интересира

Зел мито за операција, приведен хирург од болницата во Битола

Катерина Ѓуровски

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Обвинение за цариници, инспектори и полицаец во предметот „Премин“: земале поткуп, пуштале нецаринета роба

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница